Бенкси финансира брод за спасување на мигранти на Медитеранот

Уметникот финансира розова моторна јахта која испловува во тајност за да ги избегне законодавните служби. Јахтата на Бенкси ги спасува мигрантите кои од Северна Африка сакааѕ да стигнат до Европа.

Моторниот брод е крстен по феминистката и анархистка Луиза Мишел, а првата пловидба на бродот била на 18 август од шпанското пристаниште Буријана, близу Валенсија. Бродот моментално плови по централниот Медитеран, и веќе спасил 89 луѓе, меѓу кои 14 жени и 4 деца, а се бара безбедно место за јахтата да ги симне патниците или пак да ги пренесе на возило на европските крајбрежни спасувачи.

Тимот кој работи на бродот е составен од европски активисти со долгогодишно искуство во операции за спасување и потраги, кои веќе учествувале во две спасувачки операции во кои биле имволвирани 105 мигранти, сега сместени во невладиниот брод „Си Воч 4“.

Обоена во флоуросцентно розова боја, а надополнета со цртежи од Бенкси, „Луиза Мишел“, плови под германско знаме. Јахтата која е долга 31 метар била поранешна сопственост на француските погранични служби, а е помала, но и значително побрза од останатите невладини бродови за спасување.

Инволвираноста на Бенкси во спасувачката мисија започнува во септември 2019 година, кога тој испратил мејл до Пиа Клемп, поранешна капетанка на неколку невладини бродови кои спасиле илјадници луѓе.

„Здраво Пиа, ја прочитав вашата приказна во весниците. Вие звучите како тотална победничка. Јас сум уметник од Велика Британија и направив неколку дела за мигрантската криза, па се разбира – не можам да ги задржам парите. Дали може вие да ги употребите за нов брод или слично? Го чекам вашиот одговор. Браво за извршената работа. Бенкси“, гласел мејлот испратен од графити уметникот.

Клемп, која најпрво мислела дека станува збор за шега, смета дека била избрана од Бенкси поради нејзините политички гледишта.

„Не гледам на спасувачката активност како хуманитарна работа, туку како дел од антифашистичката борба“, истакнала таа.

Пиа додала дека поддршката од Бенкси останала само преку финансии.

„Тој нема да се прави дека знае повеќе за спасувачката работа од нас, а ние нема да се преправаме дека сме уметници“, нагласила таа.

Со својата брзина „Лујза Мишел“ ќе биде доволно брза за да се надеваме дека ќе може да ги претрка таканаречените либиски крајбрежни служби, пред тие да можат да ги вратат бегалците и мигрантите назад во казнените кампови во Либија.

Недржавните морски спасувачи веќе долго време го критикуваат масовното враќање на емиграните во Либија, потпомогнати од либиската крајбрежна служба во соработка со држави членки на ЕУ. Интернационалните организации ја обвиниле либиската крајбрежна служба за малтретирање на луѓето и нивно препродавање на полицијата.

Според официјалната Организација за миграција, повеќе од 7,600 мигранти биле фатени и вратени во Либија – држава растргната од војна, каде различни политички состави се обидуваат да надвладеат. Често носени во казнени кампови, ситуацијата со мигрантите во Либија е очајна, а станува збор за систематско мачење и неретки силувања, документирани од организациите за човекови права.

10 членки на екипажот на „Лујза Мишел“ имаат различни позадини, но сите тие се идентификуваат како анти расисти и антифашисти кои веруваат во радикална политичка промена. Како феминистички проект, само женскиот дел од екипажот може да зборува од името на „Лујза Мишел“.

Леа Реиснер, медицинско лица и предводник на мисијата за прво спасување, истакнала дека проектот има анархистичка природа и се обидува да делува против различни проблеми како женски и ЛГБТИ+ права, расна еднаквост, мигрантски права, екологија и животински права.

Планирањето на оваа мисија било во тајност помеѓу Лондон, Берлин и Буријана, каде „Луиза Мишел“ била сместена за да биде подготвена за спасувачките мисии. Екипажот стравувал дека вниманието од медиумите може да ја компромитира нивната цел – ако се проширела веста дека проект финансиран од Бенкси наскоро ќе се упати кон Медитеранот за да спасува мигранти, европските служби ќе се обиделе да ја згаснат мисијата. Од оваа причина, тимот на Бенкси и спасувачите се одлучиле да излезат во јавност по првата спасувачка мисија.

Во 2020 година, повеќе од 500 мигранти починале во морските води, а се очекува реалната бројка да е доста поголема. Минатата недела, 45 лица меѓу кои и 5 деца починале кога нивниот брод експлодирал во Либија. Повеќе од 19,500 мигранти го преживеале патот и стигнале до Малта и Италија оваа година.