Белоруски хакери објавиле податоци за 2.000 полицајци пред масовните протести

Личните податоци на 2.000 белоруски полицајци биле објавени од анонимни хакери како одмазда за настаните кои се случија на протестите во Минск на кои маршираат над 100.000 луѓе. Мнозинството маршираше во колони долги неколку километри, обоено во боите на опозицијата, бела и црвена, викајќи „Оди си“ на полицијата која патролирала по улиците.

Како што соопштила групата за човекови права „Спринг 96“, во неделата, повеќе од 196 лица биде приведени на територијата на целата земја.

За рускиот медиум „Тас“, полицијата истакнала дека уапсила најмногу десетмина, додека видеа споделувани на социјалните мрежи покажале како безбедносните сили насилно ги растеруваат демонстрантите од улиците.

Стотици војници снабдени со водени топови и армирани возила го блокирале центарот на градот и поставиле жичени огради.

„Како што ќе продолжуваат апсењата, така ние ќе продолжиме со објавувањето на податоците. Никој нема да остане анонименин, дури и под маски“, истакнале хакерите во соопштение објавено од опозициските медиуми преку апликацијата за чет „Телеграм“.

Првата тура од 1.000 имиња била објавена во саботата и наголемо споделувана во рамките на „Телеграм“. Втората тура од 1.000 имиња која се фокусирала на полицијата од градот „Брест“ била споделена во неделата вечер. Според хакерите, причина за таргетирањето на градот Брест е насилниот пристап на брестовската полиција.

Од владата велат дека ќе ги пронајде и казни оние одговорни за споделувањето на податоците.

„Силите, технологијата и средствата кои се достапни на органите за внатрешна безбедност, овозможуваат идентификување и казна на оние кои се одговорни за објавувањето на личните податоци на интернет“, изјавила Олга Чемоданова, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Лојалноста на безбедносните сили е исклучително важно за опстанувањето на функцијата на Лукашенко по сомнителната претседателска победа на изборите, за кои опозицијата и набљудувачите велат дека се наместени.

Неретко, полициските службеници ги приведуваат демонстрантите носејќи маски и кациги, за да го смират бранот од протести и демонстрации против претседателот кој е на својата функција повеќе од 26 години. Дел од присутните, во неколку наврати ги извадиле маските на полицијата.

Од Владата известиле дела повеќе од 390 жени биле приведени поради учество на протестите во саботата, но повеќето се ослободени. Засега, претседателот ги идбива сите сугестии и покани за дијалог со демонстрантите.

Европската Унија најави воспоставување на санкции против владата на Лукашенко поради сомневање во изборна измама и прекршување на човековите права, но се чини дека ќе го испушти својот најавен термин за акција.

Извор: Independent