Белгиската полиција во лов на дронови

Белгиската полиција тргна во лов на сите приватни дронови, кои се користат претежно за правење фотографии, јавуваат белгиските медиуми.

BELGAIMAGE_66311497

Оваа мерка се презема поради стравувањата дека тие беспилотни летала можат да се судираат со полициски хеликоптери, кои се ангажираат за следење на осомничени криминалци, како и за обезбедување на најделикатните меѓународни дипломатски средби.

Дроновите се користат на мали височини, каде вообичаено летаат и полициските хеликоптери. Ниту за хеликоптерите, ниту за дроновите не се применуваат планови на летање, што ја зголемува можноста да дојде до судар.