Белгија и Холандија ќе ја менуваат границата за да не мора да ја преминуваат реката Меза

Белгија ќе се намали, а Холандија ќе се зголеми за околу 40 ари, откако земјите се согласиле да разменат парче земја. И двете држави ќе дадат мали, ненаселени парчиња земја за да не го менуваат текот на реката Меза.

Но, размената не е еднаква: Белгија ќе даде два мали полуострови од 40 ари на Холандија, а ќе добие само третина од тоа назад.

Причината за промената на границата е да биде еднаква со текот на реката, за да изгледа како природна граница. Откако Белгија прогласила независност од Холандија во 1839 година, границата се протегала долж Меза. Но, во 1961 година, текот на реката бил „исправен“ за да се олесни навигацијата, со што делови од двете држави дошле на спротивните страни на реката.

Со моменталната граница, единствениот начин да се стигне на копно без да се стапне во другата држава е со чамец.

Портпарол од белгиското министерство за надворешни работи вели: „Едноставно не беше логично што мало парче земја беше сѐ уште дел од Белгија“.

Границата најверојатно ќе биде официјално променета на почетокот на 2018 година, откако двете држави ќе го ратификуваат договорот потпишан во понеделникот, од холандскиот и белгискиот министер за надворешни работи.