Бегалци учат жители на Берлин како да готват традиционални рецепти од нивните земји

Пријатна вечер е, кон крајот на мај во берлинската област Шунберг. Реза, 29-годишен маж, подготвува вечера. Повремено меша во тенџерето во кое вари парчиња телешко месо. Долга трпезариска маса е покриена со послужавници со зеленчук, даски за сечење и ножови.

Тој е ѕвездата на вечерта, на курс за готвење кој го води организацијата Über den Tellerand (Гледајќи подалеку од чинијата), која работи со бегалци. Тоа е можност за бегалците како Реза, кои имаат талент за готвење, да ги споделат рецептите од нивната татковина со жителите на Берлин еднаш месечно. Денес, Реза ќе ги учи присутните како да зготват оброк со три јадења, со рецепти традиционални за провинцијата Херат од западен Авганистан, близу до Иран, од каде потекнува неговото семејство.

Минатата година, светот гледаше во шок додека повеќе од милион бегалци од Сирија, Авганистан и северноафриканските држави пристигнаа во Германија. На земјата не ѝ  е нов концептот на имиграција, како што повеќето веруваат. Во 1950-тите, Германија примила работници од соседните земји за да се справи со недостатокот на работна сила за време на Wirtschaftswunder – или економското чудо, во кое државата посведочила брз индустриски развој.

Сепак, работите се поразлични сега.

Егзодусот на бегалци кои пристигнаа во Германија, бегајќи од нивните татковини разорани од војната, предизвика дебата за нивната интеграција во германското општество. Бидувајќи отворено општество какво што е, Германија и повеќето нејзини граѓани прават сè што можат за да помогнат во интеграцијата и асимилацијата на бегалците. Берлинците Рафаел Штрасер и Лиза Тенс го започнале локалното претпријатие „Гледајќи подалеку од чинијата“ во 2013 година. Секој месец, тие нудат часови за готвење и монтажни ресторани водени од бегалци или баратели на азил како Реза, кои се надеваат дека Германија ќе стане нивен дом.

Лиза го запознала Реза кога го монтирала нивниот штанд во Берлин-Хелерсдорф.

„Го пишувавме нашето име на подот со креда, кога Реза го прочита и праша, „Kochen?“ (готвење). Ни кажа дека сака да готви. Потоа почнавме да разговараме и го поканивме во здружението за социјално влијание, каде тогаш работевме. Кратко потоа, го водеше неговиот прв час за готвење и оттогаш е активен член на нашата заедница“, вели Лиза.

Учесниците на курсот се претежно локални Германци, кои сакаат да поминат пријатна вечера учејќи рецепти од далечна земја. Тине, уметница и мајка на три деца, работи со деца бегалци и вели дека планира да воведе часови по готвење во нејзините проекти на училиште. Парот Ралф и Мелани, кои се старатели на 13-годишниот Бахрам од Авганистан, почувствувале дека момчето нема никаква поврзаност со својата татковина, и овој курс би бил добар начин да го постигне тоа. Ванеса, која наоѓа локации за фрлање нуклеарно ѓубриво во Германија, обожува да учи за различни видови храна и култури.

Откако накратко го објаснува менито, кое се состои од супа од леќа, манџа од модар патлиџан наречена gorme badenjan, која се служи со ориз и говедско, и пудинг од шафран за десерт, Реза набргу им дава задачи: исечкај го патлиџанот, излупи ги морковите, исечкај го кромидот, си видел ли толку крупен лук? Добредојде во Берлин. Земајќи го водството во својата престилка, се чини дека е мирен, започнувајќи пријателски негодувања со учесниците, фалејќи се со своите неодамна научени способности на германски јазик.

„Реза едноставно сака да готви и да вика пријатели. Како готвач, се чувствува како домаќин и тоа го прави среќен“, вели Лиза.

Неговата широка насмевка и ведар карактер ги прикриваат седумте години напорен труд со кој се соочил за да влезе во Германија. Го напуштил својот дом на 21 година. Неговата прва постојка од Авганистан во Европа била Грција, каде работел и собирал пари да стигне до Холандија. Кога конечно стигнал таму, неговите соништа за Европа биле уништени. Откако влегол во државата, бил затворен на 14 месеци и депортиран назад во Авганистан. Неколку други обиди да се врати во Европа го довеле во Германија, каде сега полека се интегрира во општеството. Неодамна ги положил тестовите по германски јазик и зборува течно, што е многу значаен чекор доколку сака да живее во државата.

Иако ужива да готви, Реза не е професионален готвач, ниту има амбиции да продолжи со гастрономија.

„Тоа е стресна професија, со долго работно време. Не сакам да го работам тоа постојано“, вели Реза. Она што сака да го работи е да прави чевли, за што учел додека растел.

После две успешни години, Über den Tellerand сега има постојано место каде работи. KitchenHub, заедничката кујна каде се држат часови за готвење, била создадена како соработка со одделот за архитектура на Техничкиот универзитет во Берлин.

„Интернационална и интеркултурна група студенти и бегалци ја дизајнираа, создадоа и изградија оваа кујна за заедницата. На неа гледаме како дом на нашето различно општество, каде секој има шанса да придонесе со идеи“, вели Лиза.

Во изминатите неколку години, од курсот произлегол и готвач, Recipes for a Better Us, со рецепти од бегалците од различни етнички и културни позадини. Рецептите на Реза се исто така во книгата.

„Оваа книга се продаде во 9000 копии досега“, вели Лиза. Втор готвач, A Pinch of Home, ќе биде објавен во септември.

Текст на Пратап Наир за munchies.vice