Батериите на паметните телефони ќе се полнат за помалку од две минути

StoreDot, компанија што се занимава со нанотехнологија има нов прототип на полнач за паметни телефони кој е помал и може да ја наполни батеријата за две минути.

Причината за ова според извршниот директор на компанијата, Дорон Мирсдорф е што компанијата има сосема поинаков пристап при создавањето на новата батерија. Наместо да се обидуваат да го подобрат капацитетот на батеријата, компанијата ја редизајнира внатрешната структура на батеријата, така што ќе може да го направи тоа брзо.

Сепак, постојат ограничувања како на пример тоа што овој полнач е многу поскап од обичните полначи за мобилни телефони. Компанијата ќе мора и да направи одредени модификации со цел да ја приспособи батеријата.

Главна цел на компанијата е нејзиниот полнач да излезе во продажба до 2017 година, но и ваквиот полнач да се користи и за други уреди.