Балерина преработува слики на Едгар Дега

Мисти Коупленд е позната по тоа што од неодамна е првата црна примабалерина во САД. Сега, со помош на танцов проект во Њујорк, таа преработува некои од познатите слики со балерини на Едгар Дега. Оваа серија фотографии има за цел да ја најави престојната изложба „Едгар Дега: чудна нова убавина“, во Музејот на современа уметност во Њујорк.

„Беше интересно да се биде дел од снимањето и што ја немав таа слобода да создавам, како што обично правам со моето тело. Беше тешко да се преработи она што го создал Дега. Беше неверојатно што се забележуваа сите детали, но исто така, како тој дозволува да се чувствуваш како да има движење“, изјави Коупленд.