Бадстеф – 15-годишен талентиран фотограф од Куманово

Бадстеф - 15-годишен талентиран фотограф од КумановоСтефан Соколовски е 15-годишен талентиран фотограф, кој е ученик во втора година гимназијата “Гоце Делчев” во Куманово. За една и пол година, колку што се занимава со фотографија, Стефан привлече внимание со своите извонредни фотографии, главно портрети. Тој веќе учествувал со свои фотографии на меѓународни изложби во Скопје и во Куманово.

Посебно се издвојуваат неговите портрети, во кои преовладуваат класичните црно бели тонови и во кои се доловени чувствата на посебност, мелахоничност, суетност и грациозност кај  моделите, преку уметничка и модна фотографија. Приказната зад  уметничкото име Badstef  доаѓа од неговата визија и мото дека сите негови фотографии се недоволно добри, “лоши” – неперфектни и дека секоја негова идна фотографија претставува подобрување и поголемо кршење на имперфекцијата. 

Стефан за себе вели дека долгогодишното цртање е она главно нешто што го довело до оваа трансформација за искажување на својата креативност преку токму оваа уметност.

Бадстеф - 15-годишен талентиран фотограф од Куманово

 

Бадстеф - 15-годишен талентиран фотограф од Куманово

 

Бадстеф - 15-годишен талентиран фотограф од Куманово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: 10bez10.com