Баба Мразица – прва песна на скопскиот рокенрол бенд „Boris and The W“

Баба Мразица - прва песна на скопскиот рокенрол бенд „Boris and The W“Новиот скопски рокенрол бенд „Boris and The W“ ја издаде својата прва песна насловена „Баба Мразица“. Бендот кој досега свиреше по скопските клубови, почнува да креира сопствена музика.

Песната е снимена во студиото Кактус во Скопје, по музика на Виктор Захариев.

Текстот на „Баба Мразица“ е напишан од фронтменот на бендот,  Борис Цветановски, а зад аранжманотот, миксот и продукцијата стои потписот на Горан Милошевски.

Од бендот порачуваат дека со оваа песна сакаат да излезат од „новогодишните музички клишеа“.