Аудиција за филмот „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона С. Митевска

„Сестри и брат Митевски продукција“ -Скопје објавува јавен повик за аудиција за новиот филм на Теона С. Митевска „Кога денот немаше име“.

За потребите на филмот се бараат 6 млади момчиња на возраст од 15-20 години за носечките улоги.

Аудицијата ќе се одвива на 14 и 15 ноември во просториите на Вардар Филм (Агенција за Филм на Република Македонија), од 10:00 до 20:00 часот.

За филмот не е потребно претходно најавување, претходно искуство или знаење.

„Сестри и брат Митевски“ досега ги има продуцирано долгометражните филмовите „Како убив светец“,„Јас сум од Титов Велес“ и „Жената која ги избриша своите солзи“. Овие филмови досега имаат освоено над 30 награди, учествувале на стотици фестивали, и се дистибуирани во кино мрежите низ светот.