Астрономите ја открија најголемата космичка експлозија досега

Астрономите ја открија најголемата експлозија на ѕвезда во вселената досега, пишува „Би-Би-Си“.

Тие сметаат дека се работи за 10 пати посветла супернова (ѕвезда во умирање) отколку било која досега снимена со телескоп. Според нивните сознанија, ѕвездата опстоила повеќе од 3 години, што е подолго од повеќето супернови што обично се видливи само во период од неколку месеци.

Засега, една теорија е дека експлозијата која научниците ја нарекоа „ AT2021lwx“ била предизвикана кога огромен облак од гас бил проголтан од црна дупка во вселената.

Експлозијата снимена со вселенски телескоп на НАСА

Тимот астрономи сега оди во мисија да собере повеќе податоци за експлозијата, односно ќе го набљудуваат објектот на различни бранови должини, вклучувајќи и рендгенски зраци со што може да се открие температурата на објектот како и тоа што може да се случува на неговата површина. Исто така, тие ќе спроведат дополнителни пресметки за да тестираат дали е точна нивната теорија за тоа како настанала експлозијата.

Д-р Вајсмен кој е дел од тимот истражувачи се надева дека со помош на новите телескопски системи во иднина ќе забележуваат уште вакви настани во вселената.

Експлозија во небото беше првпат забележана и снимена во 2020 година од страна на „Zwicky Transient Facility“ во Калифорнија. Сепак, астрономите сметаа дека не е нешто значајно, па податоците ги прегледаа дури по една година.

Минатата година беше забележана најсветлата експлозија досега. Тоа беше експлозија на гама зраци позната како „GRB 221009A“, и траеше 10 часа. Иако била посветла од  „AT2021lwx“, траела многу пократко, што значи експлозивната моќ на новооткриената супернова е многу поголема.

Една од најсветлите експлозии во вселената. Новата е десет пати посветла

Фото: НАСА