Како резултат на соработката на џез работилницата на Mузичко училиште од Њујорк, Фондацијата Аполонија, Институтот за проучување на европски мали држави и Скопскиот џез-фестивал, американското џез искуство „пристигнува“ во Скопје во форма на џез ателје. „Аполонија џез работилница” ќе се одржи во малата сала на ФМУ – Факултетот за музичка уметност во Скопје, на 18 и 19 октомври, како прв настан од „Аполонија џез проектот“.
Рааботилницата на локалните заедници им нуди можност да ги откријат, врз принципот еден-на-еден, најзначајните примери за богатите и разновидни форми на изразување кои ја обликуваат американската култура преку типичната американска уметничка форма на џезот. Ова е заедничка иницијатива која здружи врвни џез познавачи и професионалци од повеќе локации од светот.
„Ние сме многу среќни да поддржиме иницијатива како што е оваа, особено бидејќи е фокусирана на развој на младите од Македонија и јакнење на нашите културни односи со САД. Во Фондацијата Аполонија се надеваме да ја прошириме нашата поддршка кон уметноста преку овој културен настан, “вели директорот на Фондацијата Аполонија, Ацо Ристовски.
Работилницата е дизајнирана за да може на почетниците им ја открие историјата на џезот, ќе се слуша џез, а предвидена е сесија и заеднички настап во текот на првиот ден, како и унапредување на импровизацијата и напредна теорија во вториот ден. Основите на џез мелодијата, хармонијата, бас, и ритам ќе бидат истражени преку интерактивна групна импровизација, преку скали, акорди, линеарни и хармонични секвенци, пејачки форми, метри, жлебови и чувства, изразувањето, артикулација, и многу повеќе.
Соработници во овогодинешниот настан се и средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј”, Скопје, Факултетот за музика уметност во Скопје и џез одделот на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Покрај тоа, на работилницата ќе учествуваат и џез-гитаристот, композитор и педагог, Тони Китановски, како и џез гитаристот, пејач и композитор Владимир Четкар, додека работилницата ќе ја води Марк Moмас од „Њујорк џез работилницата“ (NYJW).
Настанот е бесплатен и отворен за јавноста. Бидејќи бројот на учесници е ограничен потребно е да се направи резервација во Фондацијата Аполонија од Гевгелија на телефон +389 (0) 34 211 911 или на e-пошта fondacija@apollonia.com.mk.
Џезот е првата вистинска автохтона уметничка форма на САД, а во 1987 година Конгресот на САД усвои резолуција прогласувајќи го џезот како американско национално богатство.