Ансамблот на претставата „Народен пратеник“ доби специјална награда во Нови Сад за колективна актерска игра

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад на завршната седница одржана касно вечерта на 2 јуни, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

„Одлуката е донесена едногласно. Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во театарот на овие простори и по подолго време го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал“, истакнуваат од МНТ.

Фото: МНТ

Жирито беше составено од Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател.

Фото: МНТ

Фото: МНТ

Фото: МНТ