Хепар Центар – Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитот, денеска од 9:30 до 12 часот, во ТЦ Рамстор Мол во Скопје организира бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц.
Настанот е поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, како и Центарот за јавно здравје – Битола, клиника за гастроентерохепатологија, Црвен крст на Македонија и други.
Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против Хепатитот Б и Ц, како јавно здравствен проблем на сведско и на Европско ниво. Кампањата продолжува во наредните денови во Битола, Охрид и Струга.
Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80% од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболувње, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.
Хепар Центар Битола е дел од глобалното движење NOhep под покровителство на Светската здравствена организација и светската алијанса за борба против хепатитот.