Анима Мунди со најстрога осуда за сечењето дрвја во Драчево и убивањето птици

Згрозени сме од непланското сечење на дрвјата во Драчево во дворот на Поликлиниката и амбулантите,  токму на пролет кога крошните на дрвјата се полни со гнезда и птиците имаат младенчиња кои за неколку недели би требале да полетаат, реагираат од здружението Анима Мунди.

Драчево

Оттаму укажуваат дека во овој случај се уништуваат живеалиштата на птиците, пред се на младенчињата кои се осакатени и однапред осудени на смрт бидејќи не можат да летаат и зависат од своите мајки.

Овие птици, објаснуваат од здружението, се неопходен дел од урбаниот еко систем  и ги контролираат наездите од инсекти и ларви, а сега умираат во траума и стрес ,.

„На оние кои не им е важно ниту тажно ова што го велиме, нека  поминат  во дворот на Поликлиниката и обрати малку внимание. Гракањето кое ќе го чујат  е страдањето  на родители кои ги губат своите деца, а исплашените пилиња (оние гавранчиња и страчки  кои се се’  уште живи)  кои се кријат по жбуновите се птици кои нема никогаш да пролетаат и ќе умрат во мака. Кога ова го знаете, веруваме ќе ве облејат морници од нивното гракање. Посочуваме: страчките, гавраните имаат силни семејни врски, силна приврзаност и заштитнички импулст кон своите потомци – сега родителите немоќно ги облетуваат своите деца кои ќе умрат, обидувајќи да  ги заштитат. Со сечата на дрвјата е нарушена хармонија на еден мал еко систем,  и извршено убиство. Прашуваме кој го организирал и одобрил ова? Дали Поликлиниката самоиницијативно постапила или е инволвирана и општината?“, се наведува во реакцијата на Анима Мунди.

Според Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата, секој вид растителен и животински свет е природно богатство. Со сечата на дрвјата, велат од Знима Мунди,  е извршено Кривично дело против животната средина зошто системски се уништи животинскиот свет во реонот, но и дело мачење животни при што птиците се изложени на непотребни маки, болки, страдање, смрт.