Анима Мунди: Македонија се гуши и труе во отрови

Осум дена по протестот пред Агенција за храна и ветеринарство, кога активисти и хумани граѓани побараа целосна забрана на продажба на смртоносно опасни отрови и строга контрола по земјоделските аптеки, се интензивира масовното расфрлање отрови нис Скопје, алармираат од здружението Анима Мунди.

„Полиција како да нема никаде, институциите игнорираат и молчат. Ислучително силни, смртоносни отрови се расфрлани низ повеќе градови и села во целава држава, Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово , Ресен, Свети Николе, Битола. На

поредно со другите градови веќе пет дена трае голготата за уличните и домашните животни во Скопје, пред се во Општина Аеродром. Реонот околу Тобако 2, Воените кули, поликлиниката Јане Сандански, населбата Мичурин; Ново Лисиче и тоа веднаш покрај Полициската станица во Ново Лисиче и детската улица Тоше Проески, се места на постојано расфрлање отрови од кои досега настрадаа најмалку 15тина животни.

Отровите се поставуваат во близина на маркети, детски игралишта и паркови, влезови, кафичи и ресторани повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот“, велат од здружението.

Оттаму посочуваат дека и покрај поднесените пријави, реакции и доставени докази од нивна страна до општината и полицијата, не се презема ништо, додека бранот на труења продолжува. Алармираат и дека отровите кои се користат за труење на животните можат да бидат фатални по човек и само со вдишување.

Затао бараат итна меѓуинституционална координација и постапување согласно законските овластувања на МВР, АХВ, општините со комуналните служби (сериозни истраги, патроли и најстроги казни ) како и воспоставување трајна законска забрана за слободната продажба на отровни материи кои се закана по животот и безбедноста на сите граѓани.