Англија најави забрането третирање на транс пациенти во исклучиво женски или машки болнички одделенија

Англија најави забрана за користење на исклучиво женските или исклучиво машките болнички одделенија, на транс лицата, а плановите за воведување на новата политика ги најави англискиот секретар за здравство, Стив Барклеј.

Дополнително, секретарот истакна дека ќе се почитуваат и желбите на пациентите, па интимната нега ќе им биде давана од здравствен работник од ист пол.

Според Барклеј, новите ветувања ќе бидат остварени по консултација, а истите ќе го штитат приватноста, безбедноста и честа на сите пациенти.

Секретарот за здравство упатил и критики за, според него, напумпаниот мултикултурализам и инклузивни тимови, а сметеа дека гласот на пациентите се игнорира кога се зборува за важноста на биолошкиот пол во здравството.

Портпарол од страна на хуманитарната организација „Стоунвол“, посочи дека со новите политики ќе се забранат здравствените услуги за транс-жените и транс-лицата, па оттаму политиките се опасни и понижувачки.