Со новиот предлог, само холанѓаните ќе можат да ги користат 166 легалните продавници за канабис.
Градот Амстердам повика на нов предлог закон преку кој продавниците за канабис стануваат нелегални за странците и туристите. Со овој нов предлог закон градот сака да ја намали стапката на организиран криминал и да го намали туризмот базиран на холандската легализација. Ваквиот предлог предивика спротивставени размислувања кај локалците и бизнисмените.
Со поддршка од полицијата и обвинителството, градоначалничката на Амстердам, Фемке Хасема донесе нов предлог закон со кој 166 продавници за канабис ќе им бидат достапни само на локалците. Мерката се очекува да стапи на сила наредната година.
Истражувањата на власта покажаа дека 58 отсто од странските туристи кои го посетуваат Амстердам доаѓаат поради легалното користење на марихуаната, изјавила градоначалничката, дополнувајќи дека градот ќе има потреба од само 70 продавници за канабис доколку услужувани ќе бидат само локалците.
„Амстердам е интернационален град и ние сакаме да привлечеме туристи, но поради неговата убавина и културни институции“, додала Хасема, додавајќи дека маркетот за канабис е многу голем и се поврзува со организираниот криминал.
Таа нагласила дека градот и понатаму ќе остане отворен, топол и толерантен, додека истовремено животот на криминалците ќе биде отежнат и ќе се намали нискобуџетниот туризам.
Технички, канабисот е нелегален во Холандија, но поседувањето на помалку од пет грама канабис е легално уште од 1976 година. Чувањето на канабисот е нелегално, но специјалните продавници можат да го продаваат.
Хаселма истакнала дека ќе бидат потребни неколку месеци за мерката да стане ефективна бидејќи потребен ќе биде период за консултирање со сопствениците на продавниците, како и време за градот да објави програма за легалните продавачи кои ќе останат во бизнисот.
Слични забрани поддржани со закон воведен во 2012 година се во сила во Мастрихт и Ден Бош, градови кои подолго време се жалеле на зголемен број на туристи од Белгија, Германија и Франција.
Плашејќи се од разуздан уличен маркет, Амстердам не ја воведе забраната за туристи во продавниците.
Поради евтините летови и онлајн резервациите, туристичките бројки во Амстердам, град со 850,000 жители, достигнаа до скоро 20 милиони туристи годишно. Туристите се најчесто млади лица со ограничен буџет. Градот очекува туристичките бројки до 2025 година да достигнат до 29 милиони посетители.
Амстердам презеде неколку мерки за да ги намали гужвите и незадоволствата поради зголемениот број на луѓе во центарот на градот, намалувајќи го бројот на продавниците кои таргетираат туристи, намалувајќи го бројот на „ЕрБиЕнБи“ корисници, забрани на изградба на хотели и зголемени даноци.
Локалните бизниси биле задоволни од предлогот. Роберт Овермер од Асоцијацијата на бизниси изјавил дека продавниците за канабил биле едни од најголемите причини за нискобуџетниот туризам.
„Градот не сака туристи со многу пари. Сакаме да дојдете во Амстердам поради музеите, храната, за љубов или за пријатели, а не да се чмаете наоколу и да се дрогирате“ додал тој.
Јоаким Хелмс од асоцијацијата на продавниците за канабис нагласил дека новите предлози ризикуваат зголемување на уличниот пазар.
„Канабисот е популарен производ кој луѓето глобално го уживаат. Луѓето сакаат да си испушат џоинт. Ако тоа не се случи во продавница за канабис, тие ќе купат од улица“, изјавил тој за холандски медиум.
Извор: Guardian