Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“ (АИ) ја повлече наградата доделена на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи поради „срамното предавство на вредностите за кои некогаш се залагала“.
Од организацијата соопштија дека нејзиниот генерален секретар Куми Наидо ја известил Су Чи дека организацијата ја повлекува наградата „Амбасадор на совеста“, која и беше доделена во 2009 година.
Наидо наведе дека организацијата очекувала од Су Чи да го употреби својот „морален авторитет и да истапи против каква било неправда“ на која е сведок, посебно во Мјанмар.
„Амнести интернешнал“ ја критикуваше Су Чи и нејзината влада дека не презеле ништо по повод насилството на мјанмарската армија над муслиманскиот народ Рохинџи.
Ова е последното признание кое и е одземено на Су Чи. Претходно, Меморијалниот музеј на холокаустот во САД го отповика своето признание за лидерката на Мјанмар, а во септември, канадскиот парламент гласаше за да и го одземе почесното државјанство.
Политичарката и добитничка на Нобеловата награда за мир, го доби ова признание за време на нејзиниот домашен притвор пред десет години.
Од „Амнести интернешнал“ велат дека се длабоко вонземирени што таа не се залагала за правата на малцинството Рохинџи, од кои 700 000 морале да избегаат од државата.