„Американски измамници“ најверојатно ќе добие Оскар

Статистичките податоци за филмовите кои во изминатиот половина век ја добиле наградата Оскар за најдобар филм, покажуваат дека најверојатен добитник за овогодишната најважна награда на американската Академија за филмска уметност и наука за филм е “Американски измамници” на Дејвид О. Расел, пишува британскиот Би-Би-Си.

„Американски измамници“ најверојатно ќе добие Оскар

За да го пресметаат тоа, новинарите на Би-Би-Си ги прочешлаа сите статистики 50 години наназад, во потрага по одговорите на прашањата како што се: “Колку е идеално траењето на најверојатниот кандидат?, “Кога е најдоброто време за негово лансирање во кинодистрибуција?”, и “Има ли победничкиот наслов подобар подобар ефект кај критичарите или кај публиката?”, пренесува МИА.

Собраните податоци ги споредиле со секој од годинашните кандидати за таа награда, на кои потоа ја применија добиената идеална победничка титула.

Податоците покажуваат дека во изминатите 50 години и номинираните и добитниците на наградата Оскар за најдобар филм во просек траеле подолго од останатите филмови. Совршена должина на филмот на победничкиот наслов, според овие податоци, треба да биде 141 минута.

Понатаму, иако никогаш ниту еден добитнички наслов не е лансиран во кинодистрибуцијата во месец јануари, статистиките покажуваа дека тоа воопшто не е пресудно. Сепак, сите овогодишни кандидати во дистрибуција беа пуштени во последните три месеци од 2013 година, за впечатоците врз судскиот панел да бидат што посвежи во јануари, кога се објавуваат номинациите.

Според статистиката, само четири филмови во историјата ги добиле сите шест најважни награди во филмскиот свет – на Здружението на американски режисери, Здружението на американски продуценти, Цеха на филмски актери, Награда на американски критичари, Златен глобус и БАФТА. Исто така, само два филма во историјата добиле Оскар за најдобар филм, а притоа да не освоиле ниту една од другите филмски награди, додека Златна палма е најслаб показател – ниту еден филм до сега не ја доби наградата Оскар и Златна палма.

Досегашните податоци исто така, покажуваат дека наградата Оскар го крева рејтингот на надградениот филм кај критичарите и публиката, која начелно дава повисоки оценки, но и дека публиката е склона кон пониско оценување на оние филмови кои не добиле награди, проширувајќи го јазот меѓу добитничките наслови и номинираните филмови.

Податоците понатаму покажуваат дека во минатото Оскар за најдобар филм добиле само три филма кои воедно и немале номинации за најдобра режија.

Најсилен индикатор за таа награда исто така е и номинација за најдобро сценарио (94 отсто), монтажа (86 отсто), најдобра главна машка улога (66 отсто), звук (66 отсто) и т.н. Исто така, номинација за Оскар за некои од машките улоги е многу поцврст показател од оној за некои од женските – 88 проценти од добитниците имале најмалку една номинација за машка улога во споредба со 52 проценти од номинациите за женска улога.

Кога се ќе се земе предвид, победничката формула покажува дека најверојатен добитник новогодишниот Оскар за најдобар филм е приказната за славниот измамник Ирвинг Розенфилд и неговата партнерка Сидни Прошер “Американски измамници”, на режисерот Дејвид О. Расел, со траење од околу 140 минути, најмалку осум номинации (ги има вкупно десет), вклучувајќи номинација за режија, монтажа и сценарио.