Американка депортирана од Бали поради твитови – заработувала без виза

Кристен Антоанет Греј е обвинета за престој без виза, продажба на електронска книга и наплаќање консултации.

Американска граѓанка ќе биде депортирана од Бали поради сомневање за мигрантски прекршоци, откако нејзините твитови со пофалби кон Бали како евтино и ЛГБТИ+ инклузивно престојувалиште станаа популарни на „Твитер“.

Во јануари минатата година, Кристен Антоанет Греј пристигнала на Бали и си го продолжила одморот поради пандемијата. Нејзините објави на „Твитер“, кои вклучувале споредби помеѓу Лос Анџелес и Бали, совети за патување и линкови за продажба на нејзината онлајн книга станале популарни во Индонезија.

Многу од индонезиските корисници на социјалните мрежи биле лути, велејќи дека графичката дизајнерка се фали со животот и работата на Бали без виза, а притоа и поттикнува патување во време на пандемија.

Џамарули Маниурук, шефот на регионалната канцеларија на Министерството за правда и човекови права, изјавил дека Грел прекршила голем број на имиграциски закони, вклучувајќи и споделување на информации кои може да ја вознемират јавноста.

„Таа изјави дека може да понуди лесен пристап до Бали преку препорачана агенција, нудејќи евтин престој во Бали кој е комфорен и инклузивен за ЛГБТИ+ заедницата“, изјавил Маниурук на за локалните медиуми.

Нејзините твитови посочувале кон онлајн книга која чинела 30 долари, како и консултации кои чинеле 50 долари, што биле индикации дека таа работи без бизнис виза. Таа е обвинета дека извршувала бизнис активности преку продажбата на нејзината книга и наплаќала за совети околу туризмот на Бали“, изјавил Маниурук.

Греј, која живее и работи во Лос Анџелес, за медиумите изјавила дека не е виновна.

„Јас не останав подолго од дозволеното, ниту заработувам индонезиски рупи. Објавив пост за ЛГБТИ+ и сум депортирана бидејчи сум геј“.

Греј и нејзината партнерка, Сандра Мишел Александар, моментално го чекаат летот за САД во канцелариите за имиграција.

Во своите објави, Греј ги пофалила разликите помеѓу Бали и САД.

„Овој остров е прекрасен бидејќи нашиот висок начин на живот е многу поевтин. За станот во Лос Анџелес плаќав 1.300 долари месечно. Сега живеам во куќичка на дрво за 400 долари“, напишала таа.

Извор: Guardian