Amal Clooney понуди да го води случајот на затворената новинарка од Азербејџан

Адвокатката и поборник за човековите права Amal Clooney се понудила да го преземе случајот на затворената азербејџанска новинарка Khadija Ismayilova пред Европскиот суд на човекови права.

Ismayilova и нејзиниот адвокат наводно размислуваат за понудата на Clooney.

Сопругата на холивудскиот актер George Clooney учествуваше во неколку значајни случаи во изминатите години во земји како Египет, Ерменија и Малдивите, бранејќи ги луѓето затворени под обвиненија кои групите за заштита на човекови права ги сметаат за политички мотиви.

Ismayilova беше осудена на седум и пол години затвор во септември, под обвиненија кои повеќето сметаат дека се измислени. Вистинската причина, сметаат тие, е нејзиното известување за криминалите на азербејџанскиот претседател Ilham Aliyev и неговото семејство, огромниот семеен бизнис и трошењето на државни пари за лична корист.

Извор: Radio Free Europe/Radio Liberty