Регулаторите и претходно ја предупредиле „Алибаба“ за нејзините активности, според кои продавачите треба да потпишат ексклузивни договори кои спречуваат да ги продаваат своите производи на конкурентски платформи.
Регулаторите во наредните денови ќе остварат средба со финансово-технолошката подружница на „Алибаба“ – Групацијата „Ант“.
Истрагата за монополизацијата се темели врз практиката „избери едно од две“.
Ваквите практики ги тераат продавачите да потпишат ексклузивни пактови за соработка со што тие се спречени да ги понудат своите производи на конкурентските платформи.
Кинеските технолошки гиганти како „Алибаба“ и „Тенцент“ се соочуваат со зголемени критики од кинеските власти кои се загрижени за брзиот развој и моќ на компаниите.
Регулаторите се загрижени за милионите корисници кои тие ги привлекле и влијанието кое го имаат врз секојдневниот живот во Кина, што вклучува пазарување и плаќање.
„Алибаба“, компанијата основана од Џек Ма, веќе ја има почуствувано на својата кожа заканата од регулаторите.
Минатиот месец, Групацијата „Ант“ чие претходно име беше „Алипеј“ беше присилена да го стопира своето излегување на пазарот со акции, кое ќе беше најголемото лансирање на глобалниот пазар со акции.
Регулаторите одлучија да го стопираат лансирањето, откако тие претходно ги искажаа своите грижи за микро бизнисите.
Но многу веруваат дека вистинската причина поради ваквата одлука е обраќањето на Ма во октомври кое било критично насочено кон банкарскиот систем и кинеските регулаторни тела.
Милијардерот истакнал дека кинеските банки работат по принцип на заложни куќи, па дел од јавноста смета дека тој сега ја плаќа сметката поради овие коментари.
Оттогаш, строгите нови и недоверливи правила кои биле воведени во технолошкиот сектор ја намалиле вредноста на „Алибаба“ за 140 милијарди долари или 17 отсто во акции.
Извор: BBC