Албанската влада најави зголемување на казните за јавно нарушен углед – мемињата во опасност

Албанското Министерство за правда планира промени во фразирањето на криминалните акти кои ги опфаќаат и казните за нарушување на угледот. Ваквите промени ќе направат полесно да се осудуваат обвинетите.

Од Министерството за правда во Албанија велат дека се работи на промена на криминалните акти што вклучува и зголемување на казните за нарушување на угледот. Со новите промени, казните за нарушување на угледот ќе може да стигнат и до 36 илјади евра, а нив нема да ги плаќаат само новинарите, туку уредниците на редакциите, како и сопствениците на медиумите.

Моментално криминалниот акт го класифицира нарушувањето на угледот како дело чија казна изнесува три милиони леки.  Според сегашното фразирање,  потребно е да се докаже дека авторот намерно ги споделил дезинформациите, иако бил свесен за точните факти.

Според новото фразирање предложено од министерството, тргнат е овој критериум, а сумата на казната се зголемува во зависност од тоа дали лицето на кое му е нарушен угледот е на функција.

„Ако жртва на нарушувањето на угледот е политички, административен или правен субјект, или делото е извршено против претставник од овие тела, казната се зголемува за половина. Ако ваквото казниво дело е извршено од страна на печатен медиум, одговорноста за истото е на административниот директор, заменик директорот, уредникот или печатницата“, се вели во предлогот.

Како што известува „Albanian Daily News“, Министерката за правда, Етилда Ѓонај предложила промени во криминалниот код за криминализација и казнување на делото „нарушување на угледот“.

Новите предлози содржат парични и затворски казни за лицата кои ќе креираат фотомонтажи без дозвола.

Оваа категорија ги опфаќа и „мемињата“ на социјалните мрежи. Доколку лицето кое создало фотомонтажа не истакне дека станува збор за фотомонтажа, предложена е едногодишна казна затвор.

„Нема да ми пречи некој да ме нарече магаре, ќе ми пречи некој доколку ме нарече крадец“, истакнал министерот Еди Рама за медиумот „Ора“.

Рама е на функцијата на министер веќе осма година, и постојано ги одбегнува обвиненијата за корупција и обвиненијата за соработка со групи кои прават притисок врз гласачите. Велејќи дека е жртва на лаги и лажни вести, Тама неколку пати се обидува да создаде нови правни алатки против „рушење на угледот“.

Во 2015 година, тој лично предложил промени во криминалниот акт, односно затворски казни поради рушење на угледот на политичарите, откако опозицијата го обвинија за штитење на организираниот криминал.

Во 2016 година, владата на Рама предложи промени во Законот за електронска комерција, со кој може веднаш да се отстрани „илегалната содржина“ откако некој ќе тврди дека неговата репутација е загрозена.

Во 2018 година, канцеларијата на Рама предложи создавање на административно тело кое ќе ги надгледува електронските медиуми за да ги отстранува вестите. Според Рама, воспоставувањето на ваквиот закон беше потребно за заштита на бизнисмените од нападите на медиумите.

Сите овие иницијативи беа безуспешни, но сепак тие беа проследени со остри критики од локалните и интернационалните здруженија за граѓански права.

Извор: BalkanInsight