Активистите собраа два камиони ѓубре од Попова Шапка

Два камиони ѓубре собраа викендов активистите на Попова Шапка, во најавената акција за чистење на познатото туристичко место.

Триесетина активистите од иницијативата „Да ја зачуваме Попова Шапка“ во неделата излегоа на терен. Со поддршка на Ekonatyra, Alpine guide и CED, но и безрезервна поддршка на граѓаните тие го собираа сметот на најпосетуваните локациите од страна на туристите.

Од најавените 30 волонтери, бројката на оние кои собирале смет брзо стигнал до стотина граѓани, објаснува Хамди Сулејмани, од иницијативата. Тој вели дека на нивно барање конечно се појавиле и камионите на јавното комунално претпријатие, за кои додава дека треба редовно и секојдневно да го собираат сметот од овој туристички бисер.

Од иницијативате потсетуваат дека не може да се најавуваат инвестиции од надлежните од 300 милиони евра, на места на кои нема ни канти за отпад.

„Ние нема да застанеме тука, ние ќе продолжиме со притисоците кон надлежните органи. Продолжуваме со разни активности, протестен марш и дипломатски притисок до институциите“, велат активистите.