Активисти повикуваат на „Шепаста револуција“ против неконтролирано труење животни

Иницијативата Шепасти ентузијасти и приврзаници од 24 јуни (понеделник) повикуваат на т.н. „Шепаста револуција“, која е замислена да се случува секој работен ден од 17 до 20 часот.

„Почитувани, поради неконтролираното труење низ целата територија на Република Северна Македонија, а никаква реакција од надлежните повикуваме на револуција која нема да вклучува насилство, туку СИЛНО ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни!“, повикуваат активистите.

Според најавите, рутата би била од Собранието, Рекорд и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а сите учесници да бидат облечени во црно и со црвена боја во рака.

„Можеме ли заедно да го направиме ова? Европа гледа… А наша должност е да ѝ кажеме за судбината на шепастите!“, се вели во настанот кој се шири по социјалните мрежи.