Акција за бездомните животни на Светскиот ден на волонтерството

Со акција  за донација на храна и засолнување на бездомни животни, денеска во 16 часот на паркингот пред ТЦ „Рамстор“ неколку невладини организации ќе го одбележат Светскиот ден на волонтерството – 5 декември.

Воедно, Црвениот крст на Македонија по тој повод, напладне во Музејот на македонската борба ќе додели волонтерски награди.

Покрај претставници од Црвениот крст и од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат и јавни личности како позитивни примери кои го практикуваат и поддржуваат волонтерството и хуманитарните активности.

Организациите „Уметност на живеење Македонија“, „СУНА – Скопје“, „Арт лајф“ и „Коалиција Боите на животот“ ги повикуваат заинтересираните граѓани и организации да се приклучат кон глобалната акција за волонтерство во разни сфери во општеството.