Академија побара сите средношколци да дојдат во училиште во здолниште

Академијата од Нант – Франција (подрачна единица на Министерството за образование) официјално побара од сите средношколци да пристигнат во петок на училиште облечени во здолниште, пренесе МИА.

Академија побара сите средношколци да дојдат во училиште во здолниште

Без разлика на нивниот пол, сите ученици се повикани да облечат здолниште. Оваа мерка е наменета да се подигне свеста кај учениците за дискриминацијата, но и да се покрене дебатата.

Иницијативата на академијата доаѓа од самите средношколци, кои сакаат да го привлечат вниманието за дискриминацијата на која се изложени жените.