„Академците по белиот свет“ – отворено писмо до проф. д-р Тања Каракамишева

Не стивнуваат реакциите во јавноста по објавата на колумната на провладината аналитичарка и професорка Тања Каракамишева-Јовановска, насловена „Мујо во Канада“ во која тврди дека младите си одат од земјава поради недостаток или разочараност од љубов. По вчерашната жестока реакција на Обединетата Македонска Дијаспора денеска со отворено писмо излегоа повеќе академци од Македонија кои се во странство. Вчера за телевизија Телма, Каракамишева изјави дека се прави „политички манипулативен спин“ од нејзиниот текст и затоа треба да се прочита целата колумна, а не само делови од неа.

Во продолжение следи реакцијата на академците во интегрална верзија:

*Измена на 16 август, 2019 година*

3,5 години по објавувањето на текстот, на 16 август, 2019 година, Радио МОФ направи измена во оваа објава, со отстранување на интегралната верзија на колумната во која се упатуваат силни критики за изјавата на професорката Каракамишева, а беше преземана од Отворен блог. Имено, до Радио МОФ беше упатено барање за отстранување на колумната, со појаснување дека е отстранета и од отворениот блог.