Ајфеловата кула е затворена поради штрајк на вработените

Работници ангажирани за бојадисувањето на Ајфеловата кула, вчера започнаа штрајк, трет во последните шест месеци.

Синдикатот во која членуваат 300 работници вели дека го започнуваат штрајкот поради „намерно отсуство на транспарентност“ за клучни одлуки во врска со функционирањето на кулата.

Портпаролот на синдикатот, Денис Вавасори, рече дека вработените биле особено загрижени поради лошите услови на работа и ниските примања.

„Објектот е во очигледна запоставена состојба“, рече тој, предупредувајќи за „здравствените ризици“ врз работниците од како што ја нарече, неуспешната операција.

Штрајкот остави стотици разочарани посетители кои мораа да и се восхитуваат на кулата висока 324 метри од земјата.

Како што соопшти операторот на кулата, се одвиваат преговори помеѓу менаџментот и работниците.

Ова е трет штрајк во изминативе шест месеци, откако претходните два се случија во јуни, за време на Европското првенство во фудбал, чиј домаќин беше Франција.

Тие се знак на протест против контроверзните реформи во Законот за труд, предложени од Социјалистичката влада.

Речиси седум милиони луѓе купиле билет за да ја посетат Ајфеловата кула во 2015 година, од кои 80 отсто доаѓаат од странство за да уживаат во погледот од нејзиниот врв.

Во зима, кулата ја посетуваат 6000 луѓе дневно.