Адеми во Брисел потпишува договор за пристап на Македонија во „Хоризонт 2020“

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска во Брисел во име на Владата ќе го потпише меѓународниот договор помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество во Рамковната програма за истражување и иновации – „Хоризонт 2020“.

Адеми во Брисел потпишува договор за пристап на Македонија во „Хоризонт 2020“
Станува збор за финансиски инструмент на Европската Унија за поддршка на истражувањето и иновациите, со цел создавање нови работни места, економски раст и конкурентност на Европа.

„Активното учество на Република Македонија во програмата обезбедува интернационален пристап во истражувањата и иновациите на научната и бизнис заедница од земјата, поттикнување на мобилноста, трансфер на знаења и технологии, како и пристап до врвна експертиза во соодветните области“, се наведува во соопштението од МОН.