Воведен курс по астрономија на „Скопското астрономско друштво“

„Скопското астрономско друштво“ го организира 19 воведен курс по астрономија кој ќе започне на 31 март.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Предвидени се 10 термини, од кои два во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Повеќе информации може да се прочитаат на www.astronomija.mk

„Скопско астрономско друштво“ (САД) е здружение на граѓани, љубители на астрономијата, од различна возраст и националност кое е основано во 1998 година во Скопје. Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.