The Vaccines и гитарските бунтовници Tinariwen на Егзит

Една од познатите концертни групи на современата рок сцена, „Д Ваксинс“ (The Vaccines), ќе настапи премиерно на „Егзит 2016“ во сабота, на 9 јули. На главната бина на „ЕГЗИТ“ ним ќе им се придружи „Тинаривен“ (Tinariwen), групата на вистинските бунтовници против тиранската влада во Мали, кои оружјето го заменија со гитари и станаа едни од најзначајните претставници на музиката на светот.

„Д Ваксинс“ носат мешавина на ретро сурф панк звукот со „Рамоунс“ гитари и високоенергични мелодични делници. Нивниот свеж гитарски звук, духовитите современи текстови и доследноста на музичката естетика набргу ги позиционира како еден од најрепрезентативните состави на современата рок сцена. Деби албумот „What Did You Expect from The Vaccines?“ многу бргу доби платинест тираж, а за само осумнаесет месеци подоцна со новото издание „Come of Age“го достигнаа првото место на британската листа на најдобри албуми.

„Тинаривен“, чие име на јазикот на Туарезите значи „пустини“, кариерата ја започнаа како туарешки бунтовници против малиската влада, во кампот на Гадафи, во осумдесеттите години, за во 2007 година по албумот „Aman Iman“ да го добијат заслуженото меѓународно внимание и поддршка. Истата година ја добиваат и „Би-би-си“ наградата за „ворлд мјузик“. Албумот „Tassili“ од 2011 година на сахарските блузери им ја донесе заслужената „Греми“ награда за најдобар „ворлд мјузик“ состав. На „Егзит“ќе го претстават и својот последен албум „Emmaar“ од 2014 година, снимен во „Џошуа Три“ пустината во Калифорнија каде што привремено се преселија по бегството од исламистите.

На Петроварадинската тврдина своето гостување го потврдија бендови од сите делови на светот, меѓу нив и грчкиот рок состав „Тјубер“ (Tuber), жестоките Белгијци „Блек Харт Ребелион“ (The Black Heart Rebellion), како и новозеландскиот кантавтор Грехам Кенди (Graham Candy).

„Егзит“ фестивал годинава ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа „Егзит“ Авантурата патува на Јадранско море на третиот „Си Денс“ фестивал од 14 до 16 јули.