[Видео] Туторијал од 1984 година учи како се испраќа мејл

Видеото на Thames TV од 1984 година објаснува чекор по чекор се испраќа електронска пошта, пред повеќето луѓе воопшто да знаат што е тоа мејл.

Видеото, кое иако е продуцирано пред повеќе од 30 години било објавено на интернет пред неколку дена, прикажува како треба да се приклучите онлајн. За конектирање на Prestel мрежата, микрокомјутерот на видеото се поврзува преку огромен модем – Minor Miracles WS2000 .

Откако корисникот воспоставува конекција преку телефон (со ротирачки цифри), се логира на услугата наречена Micronet 800, која обезбедува новости и информации поврзани со технологијата, новите видови на софтвер и други услуги, како билтени и рани верзии на персонален homepage.

Кратко потоа, друг корисник демонстрира како да се прати мејл и како истата порака може да се отпечати.

Извор: Mashable