Code App Level Up 3: Финален натпревар и презентација на изработени веб-платформи

ЕЕСТЕК ЛК Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска попладне во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет организира финален натпревар за затворање на меѓународната напредна работилница за развој на веб-платформи „Code App Level Up 3”.

На еднонеделната работилница која започна на 29 февруари, учесниците од Македонија имаа можност да соработуваат со студенти од цела Европа. Обуките ги држеа домашни и странски експерти, а денеска учесниците ќе ги презентираат изработените платформи.

Како што сооопштија организаторите, цел на работилницата е да ги поттикне учесниците да продолжат со создавање квалитетни веб-апликации како дел од професионалниот развој, како и знаењето да го искористат за надоградба на нивните програмерски и дизајнерски вештини.