Петиција против насилство врз жените од Пацификот се „потпишува“ со фотографија

Кампањата Face It Together е визуелна петиција започната од Националниот комитет на жени на ОН во Австралија, а ги охрабрува жените да објават своја фотографија место потпис за да помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата во Пацификот.

Петицијата, започната пред Денот на жената, 8 март, има за цел да создаде единствен портрет од сите мажи, жени и деца кои ја објавиле својата фотографија како поддршка, претставувајќи ги сите кои придонеле во битката.

Австралиската актерка Никол Кидман, лицето на кампањата, е прва која го објави својот портрет за кампањата. Потписниците имаат рок до 13 март да објават свои фотографии на веб страницата на петицијата и да донираат средства за каузата.

Здружението се надева дека кампањата ќе ја подигне свесноста за растечкото насилство врз жените и децата во Пацифичкиот регион, каде дури две од три жени се жртви на насилство или злоупотреба од оние кои им се најблиски, според ОН.

„Наједноставно кажано, Пацифичкиот регион е едно од најопасните места да се родите женско“, вели Џули МекКеј, извршен директор на Националниот комитет на жените на ОН во Австралија. Таа ја потенцира потребата од ресурси во оваа област за броба против насилството и недостатокот на основна инфраструктура.

Извор: Mashable