„Звуци што се јадат“, аудио записи на тортиља

Диџејот и продуцент Метју Херберт, лансираше нова серија снимки насловена „Edible Sounds” или „Звуци што се јадат“. Музиката, како што кажува и насловот на проектот, може да се изеде. А како прва опција за носачот на звук налик на плоча е употребена тортиљата.

Музиката на тортиља е ласерски гравирана врз површината на популарната храна. „Би требало да биде употреблива за нормален грамафон, но тешко дека ќе биде вкусна,” пишува Херберт на Твитер. Плочите од тортиља се произведуваат во серија по дванаесет, со помош на комисија од Лондонската научна галерија.

Edible Sounds“ не е прв обид на Херберт за „музичко изразување на неконвенционален начин“. Тој претходно создавал музика од „животниот циклус на свињата, куршум кој пробива пита или експлозија на бомба од експлозија во Либија“.

Засега не се знае кој тип на храна ќе биде искористен за „Edible Sounds”.