Две проекции на шведскиот филм „Белвил Бејби“ во Кинотека на Македонија

Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во четврток (25 февруари), 2016 година со две проекции, во 20:00 часот и во 21:20 часот премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Белвил Бејби“. Филмот е со превод на македонски и англиски. Влезот за проекциите е бесплатен.

Филмот зборува за режисерка што ја контактира човек од нејзиното минато и и’ кажува дека минал многу години во затвор. Таа се присетува на пролетта кога го запозна во Париз, на тогашните протести, на веспата и мачката што тој и‘ ги даде. Но, таа се сеќава и на денот кога тој исчезнува…. „Белвил Бејби“ е филм за времето, за сеќавањата, и за нештата што попатно се губат. Филмот е во режија на Миа Ендберј, а во главна улога со Оливије Десотел.

Организаторите советуваат билетите да се резервираат телефонски во Кинотека.