Морските нивоа денес растат најбрзо во изминатите 3000 години

Нивото на водата во морињата е еден од најзагрижувачките и најочигледните показатели за глобалното затоплување.

Ново истражување објавено во понеделникот ги покажува влијанијата на затоплувањето врз зголемените морски нивоа денес, како и потенцијалот ситуацијата да стане многу полоша доколку емисиите на стакленички гасови не се намалат.

Ова е првото поголемо истражување од ваков тип, кое прави паралела меѓу морските нивоа денес и во минатото. Со него, истражувачите покажуваат дека климатските промени предизвикани од човекот ја предизвикале најголемата брзина на зголемување на нивоата на водата во морињата, во периодт меѓу 2800 и 3000 години.

Се претпоставува дека во иднина ќе дојде и до поголемо зголемување на морските нивоа, со оглед на тоа што планинските глечери и поларниот мраз се топат, а океанските води сѐ повеќе се стоплуваат и шират.

Студијата уште еднаш ја потврдува врската меѓу температурата и нивото на вода во морињата. Објавена е во Proceedings of the National Academy of Sciences, а употребила податоци од цела планета за промените во нивоата на вода во морињата, како и извори кои покажуваат колкаво било морското ниво во минатото.

Извор: Mashable