[Видео] Холандската полиција тренира орли да соборуваат дронови

Традицијата за користење орли во лов, позната главно во централна Азија, со децении полека изумира. Но, неочекувано, во Холандија, оваа традиција можеби ќе биде спасена. Холандската полиција објави снимка на која се гледа како ловечкиот инстинкт на орлите може да се користи во „лов“ на нелегални дронови.

Ова засега уште се тестира, но властите вела дека користењето на орлите е „многу реална можност“. Со порастот на бројот на дронови, расте и нивното нелегално користење, кое се протега од недозволено снимање и прислушување, до попречување на радиосигнали.

„Со години, Владата бараше начин да му се спротивстави на нелгалното користење на дроновите. Понекогаш поедноставното, „low-tech“ решение е поочигледно отколку што изгледа. Ова е случај со нашите тренирани птици-грабливки. Со користењето на птиците нудиме ефективно решение за една нова закана“, вели Sjoerd Hoogendoorn, основачот на компанијата Guard From Above, која работи со полицијата на ова решение.

На снимката се гледа како орелот со голема брзина го стигнува дронот и го онеспособува. Птицата го гледа дронот како плен и го носи на сигурно место.