Документарниот филм “BT – TOXIC ” е направен по иницијатива на здружението „За нас се работи“ во рамките на проектот „Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина” поддржан од УСАИД и ФООМ.
Во документарецот учествуваат членови од здружението, медицински лица, стручни лица од РЕК – Битола, претставници од еколошки здруженија од Македонија, претставници од министерство за животна средина, членови од здружението “Битола на точак“ и претставници од институтот за јавно здравје.
Сценариото и продукцијата се на Пеце Талевски, а режисер е Елеонора Венинова.