[Видео] Робот сложува Рубикова коцка за една секунда

Талентирани луѓе можат да ја сложат Рубиковата коцка за неколку секунди, а на робот како овој му е потребна само една секунда. Роботот по конструкција не е сложен, склопен од двајца луѓе чие хоби е токму роботиката.

Има веб камери, моторен дел и пресека што на роботот му дозволува да ја сврти коцката. Веб камерите се поврзуваат со алгоритам кој го открива најмалиот број на потези за да се склопи коцката што е можно побрзо.

Резулатот од 1,019 секунда е предложен за нов светски рекорд.