„Spotlight“ ја доби наградата „Изборот на критичарите“ за најдобар филм

Играниот филм „Spotlight“ во режија на Tom McCarthy е добитник на наградата „Изборот на критичарите“ за најдобар филм. Приказната се базира на вистински настани и раскажува за истражувањето што го направиле група новинари за сексуалните злоставувања на католички свештеници во Бостон. Филмот ја освои наградата во конкуренција со повеќе високобуџетни филмови.

За најдобар актер и актерка беа избрани  Leonardo DiCaprio за „The Revenant” и Brie Larson за „Room“, кои претходно добија „Златен глобус” и се сметаат за фаворити и за „Оскар”.

Австралиецот George Miller си замина со дури девет трофеи за научнофантастичната акција „Mad Max: Fury Road”, меѓу кои за најдобар режисер, најдобри специјални ефекти, најдобар акционен филм, монтажа, најдобри актер и актерка во акционен филм.

Наградата за најдобро оригинално сценарио ја доби „Spotlight”. Сценариото на филмот го напиша Tom McCarthy заедно со Josh Singer, додека признанието за најдобро адаптирано сценарио го освои филмот „Big Short”.

Најдобар актер и актерка во споредна улога избрани се Sylvester Stallone за „Creed“ и Alicia Vikander за „The Danish Girl”.

Наградата за најдобар странски филм го доби „Son of Saul“ на режисерот László Nemes, а за најдобар документарен филм е избран „Amy“.

Свеченото доделување на наградите се одржа во Санта Моника, Калифорнија. Целата листа на добитници е достапна овде.