Еден грам од најскапиот материјал во светот чини 145 милиони долари

Научници од Оксфорд произведија најскап материјал во светот наречен ендохердален фулерен и веќе продале 200 микрограми по цена од 32 илјади долари. Овој материјал е најскап со оглед на тоа што еден грам чини 145 милиони долари.

Материјалот е откриен во 1985 година, а неговата наноструктура се состои од „кафези“ направени од атоми на јаглерод и азот. Во внатрешноста на тој „кафез“ се наоѓаат неметали како фосфор, азот и хелиум.

Главната причина поради која овој материјал е толку скап се азотните атоми чии електрони имаат долг животен век на кружење околу јадрото.

Материјалот може да се користи за производство на мали, преносни атомски часовници – најпрецизен уред за мерење на времето во светот, со чија помош GPS навигацијата кај самоуправувачките автомобили би била презицна до милиметар. Денешните GPS уреду се случува да ја погрешат зададената локација од еден до пет метри.

Еден атомски часовник има големина на просторија, додека атомските часовници направени од ендохердален фулерен ќе можат да се носат и во џеб. Продажбата на материјалот веќе почна. Rebecca Burn-Callander е една од научниците кои работи на производство на овој материјал и за Telegraph изјави дека веќе има голем број на нарачки. Според неа, засега материјалот најмногу се применува во автомобилската индустрија, особено кај самоуправувачките возила.