We Met As Strangers: Фото проект кој ги прикажува странците на интернет во вистинско светло

Michael Chapman запознал и фотографирал 100 туѓинци кои ги нашол на интернет и решил да ја пренесе нивната приказна од реалниот живот.

Британскиот фотограф ја поминал последната година запознавајќи и фотографирајќи волонтери кои ги нашол на Twitter, за проектот наречен We Met As Strangers, кој го објави онлајн.

Правилата на проектот се да фотографира луѓе кои не ги видел никогаш порано, треба самите да волонтираат и да не добијат ништо за возврат што ќе учествуваат, самите да ја изберат локацијата за фотографијата и Чепмен да не им кажува како да позираат.

„Потоа одев на кафе со нив само заради безбедност. Кога запознаваш некој во живо треба да биде на некое јавно место“, вели Chapman, кој признава дека некои елементи од неговиот проект се ризични.

„Еден волонтер избра гробишта како локација на која сака да биде фотографиран, а друг странец ме пречека на станицата, ме однесе во својата куќа и потоа ме однесе сред шума да го фотографирам“, вели.

We Met As Strangers го започнал кон крајот на 2014 година, кога Chapman „твитнал“ дека бара волонтери за фото проект. Сакал да ги истражи врските кои понекогаш се случуваат меѓу странците на Twitter, како и да открие дали интернет персоната на луѓето е поразлична од начинот на кој се однесуваат и изгледаат во вистинскиот живот.

„Можете да имате забавна дружба со некој и потоа сосема да исчезне, освен ако не го следиш. Тоа ме натера да размислувам што би можело да се случи ако ги запознаам тие луѓе во реалноста. Дали тие ќе бидат многу поразлични од нивните „твитови“?“, објаснува.

„Многу често помислувам дека луѓето не се такви како што се претставуваат на социјалните медиуми, или во најмала рака внимателно размислуваат за тоа што ќе објават. Ги прикажуваат најдобрите делови од себе.

На почетокот се пријавиле само тројца, но наскоро Chapman имал 10 странци, па 30, па 50 и на крај 100. Дури 45 се ставени на „листа на чекање“, бидејќи проектот за кратко време станал популарен.

Процесот пред секоја фотографија бил сличен: разговор со кафе, фотографии на локација по избор на волонтерот, и на крај фотографираниот одбира една од пет до десет фотографии.

Најкраткото фотографирање траело 20 секунди, а најдолгото три часа. Локациите варирале од врвот на Canary Wharf деловната зграда, па сé до градината во дворот на Chapman.

Фотографот вели дека реакцијата на проектот била многу позитивна. Бил критикуван само поради недостатокот на диверзитет меѓу неговите субјекти.

Признава и дека почувствувал олеснување што се ослободил од уверувањето дека „луѓето се чудни во вистинскиот живот“, но и се чувствува малку разочаран.

„Очекував да сретнам некој чудак или некој со кого нема да се согласувам, или пак некој кој е многу агресивен. Мал дел од мене беше заинтересиран да види дали ќе запознаам некој таков, и како би изгледала таа фотографија. Дали ќе се истакнува од другите?“, вели.

Но, сите 100 волонтери беа фини. Никој не беше многу поразличен од карактерот кој го портретира на Twitter. Сепак, како што веќе кажав, еден мал дел од мене ќе мислеше дека тоа е фасцинантно“.

Извор: Guardian