Проекција на студентски филмови вечерва во Кула

Вечерва, во културниот центар „Кула“, со почеток во 20 часот ќе се одржи проекција на кратки документарни и играни филмови на студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Целта на проекцијата е да се соберат донации за престојната манифестација „Скомрахи“, што ќе се одржи по 27 пат.

Присутните ќе можат да ги погледнат филмовите на Андреј Георгиев („Направи сам“, краток документарен филм), Ајдин Ислами („ПУА артист“, краток документарен филм), Горјан Атанасов („На точак“, краток документарен филм), Марко Џамбазовски („Мизар – ѕвезда на надежта“, краток документарен филм), Кристина Ризоска („50 литри“, краток игран филм), Лидија Мојсовска („Мама“, краток игран филм) и Тамара Котевска („Кројачи“, краток игран филм).