Мајкрософт и официјално стана сопственик на најтивката соба на светот

Мајкрософт стана сопственик на најтивкото место на светот, потврдија од Гинисовата книга на рекорди. Тишината во нивната „глува соба“ изнесува -20.6 децибели.

Кај изразувањето на гласноста се зема во предвид дека човечкото уво не е еднакво чуствително на сите фрекфенции, поради што се дефинираат тежински фактори со чија помош се одредува гласноста на звукот. Зградата 87, во кампусот на Мајкрософт има три „глуви соби“, а најтивката, воедно и најголема од нив е сместена под земја, во самите темели на зградата за да впива што е можно помалку вибрации.

Технолошкиот гигант ги изградил собите за тестирање аудио уреди , при што успеаја го срушат светскиот рекорд од  -13 децибели во лабораторија во Минеаполис од 2012 година. Ѕидовите од собата на Мајкрософт се прекриени со клинови кои го апсорбираат и најмалиот шум во комората.

„Сите звукови се апсорбирани. За да ви го претставиме она што го постигнавме доволно е да знаете дека движењето на честичкитe во воздухот е околу -23 dBA. Едноставно не можете да одите под тоа бидејќи тоа е само движење на честичките. Не постои ништо помалку. Тоа се границите на физиката“, велат од команијата.

Луѓето можат да слушнат се до нула децибели, а се под тоа е надвор од нашиот звук. Технологијата за намалување на звукот константно се подобрува. Рекордот во 2004 година бил  -9.4dBA.