[Аудио] Звуци произведени од енергијата на бактериите

Колективот на мексикански музичари „Insterspecifics Collective“ со користење на посебен инструмент наречен „Energy Bending Lab“ ги доловија звуците на бактериите.

„Модуларниот инструмент е составен од неколку рачно изработени синтисајзери и преносни алатки кои создаваат вистинска звучна слика што ја произведуваат бактериите со помош на сопствените електрични својства. Засилувачите во уредот ја детектираат микроволтажата што ја создаваат бактериите, а нивниот електрицитет го претвора во електронски сигнали кои го придвижуваат целиот склоп и на тој начин создаваат звуци. Се обидуваме да ја истражиме врската меѓу брановите, материјата и физичкиот облик на фреквенцијата што ќе ни овозможи подобро да го сфатиме универзумот и човечката свест, која е поврзана со со вибрациите“, велат од Колективот.

Во продолжение, може да слушнете како звучат дел од бактериите.