120.000 луѓе од Косово емигрирале во Западна Европа во последните две години

Околу 120.000 луѓе во последните две години емигрирале во Западна Европа, што е приближно на бројот на население во две косовски општини како Гњилане и Каменица, соопштија властите.

„Најголем број емигранти заминале од земјата во последните десет месеци, односно од септември 2014 до јуни годинава, кога, според статистиките на Еуростат, во земјите на Европската унија азил побарале 90.000 косовски државјани“, пишува дневниот везник Зери.

Податоците покажуваат дека мигрантите од Косово, според бројката, се на прво место во Франција и во Луксембург, додека во Германија тие се на трето место, зад азилантите од Сирија и Албанија.

Според податоците на косовските власт, значаен број на азиланти во меѓувреме е вратен на Косово. Само од Германија, во земјата се вратени околу 20.000 луѓе.

Според проценките на западноевропските земји, Косово е означено како сигурна земја, па оние кои бараат азил од политички причини, немаат право на тоа.