Собрание под лупа: Недостиг на јавна дискусија при измените на Законот за високо образование

Во текот на собраниската постапка за измена на Законот за високо образование не се одржала јавна дискусија, стои во најновиот извештај „Собрание под лупа“ од мониторингот на собраниската дискусија за измените на ЗВО.

За измените на Законот за високо образование пратениците расправале аргументирано и интензивно со чести реплики и контрареплики.

Според извештајот, ниту еден од говорниците не ја променил почетната позиција со која настапил во расправата. Пратениците најчесто се задржувале на образложување на сопствените и партиските позиции, а поретко на лично квалитативно толкување и анализа на аргументите изнесени од другите пратеници. Во поголем дел од дискусиите се идентификувани два и повеќе аргументи и не е забележана дискусија во која немало никакво образложение.

Најинтензивна размена на аргументи била забележана при дискусиите за:

  • Цел на измените на ЗВО
  • Рангирање на универзитетите и нивната автономија
  • Државен испит
  • Објавување на трудови во меѓународни научни списанија со импакт фактор
  • Странски државјани да бидат избрани за декани
  • Дали за измените се консултирани сите засегнати страни.

На следниот линк можете да ја најдете целосната анализа на собраниската дискусија во која се вклучени и клучните аргументи на пратениците и позициите на парламентарните групи по однос на поединечни одредби од ЗВО.